
Алегри се враќа во Серија А, повторно ќе го тренира Милан!?
Алегри го тренираше Јувентус од 2015 до 2019 година, а потоа од 2021 до 2024 година, но сега би можел да го преземе Милан, каде што работеше пред првиот мандат во „Старата дама“.
Раководството на Милан наводно не е задоволено со Сержо Консеисао и планира да го отпушти на крајот на сезоната, а Алегри делува како идеален кандидат за тренерското столче во тимот.