Ал Хилал испрати понуда од 100 милиони евра до Ливерпул
Англиските медиуми пишуваат дека Ал Хилал сака да го ангажира Дарвин Нуњез, кој пред две ипол години пристигна во Ливерпул, но не ги оправда очекувањата.
Премиерлигашот за неговите услуги плати 85 милиони евра, но сега би можел дополнително да заработи од продажбата.
Нуњез за „црвените“ одигра 122 натпревари, а притоа постигна само 37 голови и 21 асистенција.