
Ако си отиде од Реал, Анчелоти има две опции: Назад во Италија или - Бразил
Веќе почнаа шпекулации за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата и во оваа фаза, реални се две опции - да се врати во Италија и да води клуб или да ја преземе бразилската репрезентација. Ако се врати во татковината, има можност да ги води Рома и Милан, а ако се одлучи за Бразил, првпат во кариерата ќе води една репрезентација.
Бразилците одамна се загреани за него, лани се тврдеше дека има преддоговор и дека летовот ќе го преземе националниот тим, но Анчелоти потоа демантираше. Сон на сите во Бразил е Анчелоти да ја води репрезентацијата на Светското првенство во САД идната година.