
Ајакс го претрпе најтешкиот пораз од „обичен клуб“ во последните две децении (ВИДЕО)
Домашната екипа поведе во 29. минута со гол на Себастиен Алер, кој искористи прецизна асистенција од Сибе Хореманс. Во второто полувреме следуваше целосен колапс на одбраната на Ајакс, во која сите 90 минути настапи хрватскиот репрезентативец Јосип Шутало. Херој на натпреварот беше Мигел Родригез, кој постигна два гола во 52. и 63. минута. Конечниот удар за гостите го зададе Пакстен Ааронсон во 85. минута, поставувајќи ги конечните 4-0 по асистенција од Јоан Кетлин.
Со оваа победа, Утрехт ја прекина серијата на Ајакс од три последователни победи и 14 натпревари без пораз во првенството. Ова е првпат холандскиот гигант да загуби натпревар во Ередивизија со четири или повеќе голови разлика од екипа што не е Феенорд или ПСВ и тоа од 3 мај 2009 година, кога беа поразени со идентични 0-4 од Спарта Ротердам.
И покрај поразот, Ајакс останува лидер на табелата со 73 бодови, девет повеќе од второпласираниот ПСВ, кој има натпревар помалку. Утрехт е на четвртата позиција со 59 бодови, колку што има и третопласираниот Феенорд.
ФОТО: X / FC Utrecht