„Ако ни ја поништат историската сезона, веднаш ќе се пензионирам!“

Во моментов речиси сите спортски натпреварувања се прекинати поради пандемијата на коронавирусот, а многу клубови се плашат дека одредени сезони би можеле да бидат поништени.

Еден од нив е Беневенто, кој доминираше сезонава во Серија Б и се наоѓа на чекор до пласман во Серија А. Тие имаат 20 бодови повеќе од второпласираниот Кротоне, а нивниот фудбалер Оливер Кригл вели дека ќе се пензионира ако им ја поништат историската сезона.

„Испишавме историја и направивме нешто огромно. Никој не смее да ни го одземе тоа што го направивме, иако треба да победиме на уште неколку натпревари. Ако ни ја поништат сезоната, веднаш ќе се пензионирам“, кажа 29-годишниот фудбалер.