
Агентот на Донарума: ПСЖ зборува за почит, а мисли само на пари!
Донарума и ПСЖ немаат најдобра разделба, голманот синоќа со емотивно писмо се збогува со фановите и ја искажа горчината кон оние кој одлучиле да го исфрлат од тимот.
Енцо Рајола не ја отфрли можноста и да го тужат ПСЖ.
„Шокирани сме од ПСЖ. Има нула почит од клубот по четири години заедно. Ситуацијата ќе ја разгледаме и со нашиот правен тим“, вели Рајола.
„Џиџо фури беше подготвен и да ја намали платата, но ПСЖ повторно ги смени условите“.
„Сега ќе ги разгледаме опциите, можеби во Премиер лигата ќе има клубови кој ќе платат колку што е потребно“.
„ПСЖ бара големи пари. Тие зборуваат за почит, но ги интересираат само пари“.