Адејеми конечно донел одлука за својата иднина
Пред се упорен беше Наполи кој го сакаше Адејеми како замена за Кварацхелија кој замина во ПСЖ. Понуди за него имаше и од неколку премиерлигаши.
Информациите велат дека Адејеми им соопштил на сите дека барем до лето сака да остане во Борусија Дортмунд.
Сега е нејасно дали Наполи воопшто ќе ангажира замена за Кварацхелија со оглед на тоа што им пропаднаа преговорите и за Адејеми и за Гарначо.