
Златко Таневски е нов координатор на младинската школа на Вардар
Таневски до крајот на сезоната ќе врши две функции, односно ќе ги координира младите екипи и во исто време ќе остане член на стручниот штаб на првиот тим на Вардар.
„Вардаровата школа од секогаш била извор на најдобрите таленти во Македонија и со овој потег нашиот клуб покажува дека во иднина сериозен акцент ќе биде ставен на работата со младинските школи“, соопштија од екипата.