Захариевски: Честитки до Тиквеш, ја заслужи титулата во Купот!

Воска Спорт загуби во финалето на Купот на Македонија со 1-2 од Тиквеш, а тренерот Срѓан Захариевски им честита на противниците за историскиот успех.

Предводникот на охридската екипа кажа дека Тиквеш ги казнил нивните грешки и заслужено го кренал пехарот.

„Направивме неколку грешки во првото полувреме, а кога ќе загубите самодоверба потоа е тешко да се вратите. Имавме шанса во финишот, но не ја искористивме. Честитки до Тиквеш, го заслужи трофејот“, кажа тренерот на Воска.