Второлигашите и третолигашите нема да плаќаат котизација за новата сезона

На денешната седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е одлучено второлигашите и третолигашите да не плаќаат котизација за новата натпреварувачка сезона.

Ослободувањето од котизација за екипите од пониските по ранг натпреварувања е поради соочувањето на клубовите со кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која ги ослободува од плаќање котизација екипите од Втора МФЛ - Исток, Втора МФЛ - Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021, излезе со соопштение ФФМ.

Инаку, ФФМ минатата година ги ослободи екипите од плаќање котизација за учество во Првата лига.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница ги усвои листите за судии и контролори за натпреварувачката сезона 2020/2021, соопштија од ФФМ.