„Во Тетекс е хаос, играчите бегаат, бараме оставки!“

Фудбалскиот клуб Тетекс летово беше преземен од ново раководство, но очигледно работите во некогашниот прволигаш не одат на подобро. 

Верните навивачи на тетовскиот клуб бараат оставки од раководството, бидејќи работите не изгледаат најдобро. „Штофарите“ денеска беа декласирани со 1-6 од новиот второлигаш Арсими и тоа беше знак за аларм. Тие се огласија на социјалните мрежи со апел да се променат работите, бидејќи во подготвителниот период тимот игра катастрофално. 

Наводно фудбалерите веќе си заминуваат од клубот поради неисплатени плати, а други пак не сакаат да дојдат, бидејќи ја знаат состојбата во Тетекс. Очигледно овој клуб го чека тешка сезона.