Ивановски даде гол со рака во Битола, голема грешка имаше и во Маџари! (ВИДЕО)

Пелистер во Битола ја победи Беса со 1-0, а голот го постигна Мирко Ивановски во стилот на Марадона, со рака. 

Александар Ставрев денеска се прости од судењето, Пелистер - Беса беше неговиот последен меч во кариерата, но тој беше решен со голема судиска грешка.

Единствениот гол на мечот го постигна Мирко Ивановски со рака. Брзо по натпреварот од Беса изразија незадоволство за судењето.

„Повторно сме должни да го изразиме нашето длабоко незадоволство од нефер односот што ни го прават судиите. И на овој натпревар, како и на минатите, се чувствуваме ограбени и еднострано оштетени. Не бараме надворешна помош, туку само правдата да се оствари и да се почитуваат правата на секој тим. Доколку ваквите ситуации продолжат, нашиот клуб ќе биде принуден да преземе дополнителни мерки, вклучително и излегување од лигата поради повторените намерни грешки кои се прават. Ние само бараме еднаков третман“, се вели во соопштението на Беса.

 

 

Голема грешка беше направена и на мечот меѓГостивар и Силекс кој се играше во Маџари. Играч на кратовскиот тим јасно играше со рака во сопствениот шеснаесетник, но не беше досуден пенал за домаќините.