Васоски: Не паѓаме во еуфорија за есенската титула!

На едно коло пред крајот на полусезоната во Првата македонска лига, фудбалерите на Вардар влегуваат со одлични осум бодови предност пред Академија Пандев и Шкендија, кои важат за директни ривали за круната.

По денешниот триумф со 3-0 на гостувањето кај Академија Пандев, предводникот на „црвено - црните“, Александар Васоски, им се заблагодари на сите од реводите на есенскиот шампион и воедно истакна дека тимот само ќе го продолжи она започнатото за да дојде до титулата на крајот од сезоната.

Сакам од срце да ја честитам есенската титула на сите оние кои се дел од ФК Вардар, управата, стручниот штаб, нашиот сопственик и сите вработени во клубот... Секако најголема честитка за играчите и за нашиот 12-ти играч - „Комитите“. Ние се радуваме ама не сме еуфорични затоа што во недела не чека Шкендија... Напред Вардар, истакна Васоски преку својот Фејсбук - профил.