Вардар замина на подготовки во Анталија, ќе одигра пет пријателски натпревари

Најтрофејниот македонски клуб Вардар утринава замина за Анталија каде ќе го одржи главниот дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Во турскиот туристички центар, „црвено-црните“ ќе останатг до 7 февруари, а во овој период ќе одиграат најмалку пет пријателски натпревари. В понеделник се среќаваат со Заглебје од Полска, на 31 јануари со Аркадак од Туркменистан, на 3 февруари со Металург Бекабег од Узбекистан, на 5 февруари со Кројцлингер од Швајцарија и следниот ден со Колос од Украина. Овие дуели треба да му послужат на тренерот Горазд Михаилов за воигрување на екипата со оглед на тоа што месецов Вардар претрпе многу промени во играчкиот кадар.

Својот прв натпревар од пролетната полусезона, поранешниот шампион ќе го игра на 18 февруари против Гостивар.