Вардар со три контролки во Анталија против Украинци и Руси

Најтрофејниот македонски клуб Вардар во понеделник заминува во Анталија во главната фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната, па црвено-црните ги објавија трите противници со кои ќе тестираат и ќе ја брусат формата пред продолжението од второлигашката сезона во западната група.

Црвено-црните ќе тестираат со еден украински и два руски тимови во периодот од 28 јануари до 4 февруари, по што после враќањето во Скопје против Беласица ќе ја имаат „генералната проба“ пред стартот на пролетната полуетапа.

Вардар на 28 јануари ќе игра со Полисја од Житомир (Украина), на 1 јануари ќе се судри со СКА Ростов, а на 4 јануари со Том Томск, двата клуба од Русија.

Во овој зимски преоден рок, Вардар врати два клучни играчи од шампионската генерација, Филип Гачевски и Дарко Мицевски, а го зема и младиот Ване Јованов од Академија Пандев како засилување на десната бековска позиција.