Вардар со шестка го распарчи Борец, дербито во Битола за – Гостивар!
Во Маџари прашање беше само со колкава разлика ќе триумфира Вардар, а набрзина во првиот дел црвено-црните дадоа два гола за победата да ја обезбедат, па во вториот само ги дотолчија велешани, чиј голман спаси уште неколкупати за да избегне Борец тотална катаклизма и можеби и двоцифрен пораз.
Дарио Десниќ даде два гола во првиот дел (25. и 45. минута), па Симеон Христов ја отвори серијата во вториот дел во 62-та минута, за Жоглев (75.), Величковски (81) и Маркоски (90.) да додадат уште три гола во завршните 15 минути во убедливата победа.
Каланоски и Рамадани во првиот дел дадоа два гола, а Стојанче Велинов во вториот дел погоди за да ја завери победата на Гостивар во Битола кај Пелистер, по што уште на почеток се искомпликува битката на битолчани за првите две места, зашто веќе направија кикс и во претходните три кола и веќе имаат минус пет во однос на Воска која победи денеска со 2-1 против Беса, па остана со максимален ефект.
ВТОРА ЛИГА, 4 КОЛО
Арсими – Охрид 1-0
Беласица – Пехчево Скопје 1-1
Кожув – Детонит Плачковица 0-2
Пелистер – Гостивар 1-3
Вардар – Борец 6-0
Слога Виница – Каменица Саса 1-1
Тетекс – Караорман 2-1
Воска Спорт – Беса 2-1
ТАБЕЛА: Воска Спорт 12, Вардар 10, Гостивар 10, Детонит Плачковица 10, Пелистер 7, Арсими 6, Слога Виница 6, Беласица 6, Тетекс 6, Беса 5, Кожув 1, Караорман 4, Охрид 4, Пехчево Скопје 2, Каменица Саса 2, Борец 0