Вардар поразен на претпоследниот натпревар во Анталија

Македонскиот прволигаш Вардар ги привршува подготовките во Анталија, а денеска го одигра четвртиот од петте планирани натпревари во турскиот туристички центар.

Противник на скопските „црвено-црни“ беше швајцарскиот третолигаш Луцерн, односно У21 тимот на славниот клуб. Вардар загуби со 1-2 и го претрпе третиот пораз за време на подготовките. Единствениот гол за нашиот тим го постигна Алтипармаковски во 78. минута од пенал.

Утре Вардар ги завршува подготовките со дуелот против украинскиот прволигаш Колос по што се враќа во Скопје, во очекување на стартот на вториот дел од првенството.