
Вардар одреди популарни цени на билетите за новата сезона
На редовната седница беа одредени популарни цени, па така билетите ќе се продаваат по 100 и 200 денари.
„На последната редовна седница на одборот на директори на АД ФК Вардар донесена е одлука: Цената на билетите за сите натпревари кои ФК Вардар ќе ги игра на домашен терен до крајот на сезоната 2025/26, да биде за југ 200, и исток 100 денари“, соопштија од Вардар.
Вардар ја почна сезоната со убедлива победа од 4-1 против Пелистер во Првата лига.