
Шкендија направи голем скок и влезе меѓу најдобрите 300 клубови во светот!
Тетовскиот клуб пред настапот ова лето беше на 593. позиција на листата, а сега е двојно подобра и влезе во елитното друштво на најдобрите 300 светски екипи, односно како единствен македонски претставник меѓу најдобрите е на 281. место. На врвот нема изненадувања – Реал Мадрид ја задржува првата позиција, а зад него следат европскиот првак ПСЖ и светскиот шампион Челзи. Најдобрата десетка ја заокружуваат Интер, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Атлетико и Ливерпул.
Прв клуб надвор од Европа е бразилскиот Фламенго, кој е на 11. место. Во регионална конкуренција, највисоко е пласиран Олимпијакос на 55. позиција, потоа Црвена Звезда од Србија на 74. место и Динамо Загреб на 88. позиција.