Никола Серафимов се сели во Софија, ќе го носи дресот на Левски!

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов ќе ја продолжи кариерата во Бугарија, односно ќе го носи дресот на Левски Софија.

Дефанзивецот го напушта унгарски Фехевар, а наскоро се очекува да биде промовиран како ново засилување за Левски.

Серафимов претходно играше за Фехевар, Брера Струмица, Јихлава, Вардар, Пелистер и други екипи, додека за Македонија настапи на 22 натпревари.

Левски има одличен почеток на сезоната, па веќе оствари четири победи во првите четири кола и има максимални 12 бодови.

Фото: EPA PHOTO