Падна договор: Најскапото засилување на Манчестер сити заминува од „Итихад“

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити успеа да се договори со Евертон за позајмица на Џек Грилиш, кој ќе остане на „Гудисон парк“ до крајот на сезоната 2025/26.

Најскапото засилување на „граѓаните“ ќе се обиде да ја оживее кариерата во Евертон, кој договори позајмица, но не и опција за откуп на неговиот договор на крај на сезоната.

Грилиш ја прифати понудата на „карамелите“ затоа што му било ветено место во првиот тим и голема минутажа.

Англичанецот претходно во кариерата играше за Астон вила и Нотс Каунти, пред да се пресели во Манчестер сити во 2021 година за рекорден трансфер од 117,5 милиони евра.