Барди со гол ја отвори новата сезона во турското првенство (ВИДЕО)

Екипата на Коња оствари убедлива победа во првото коло од новата сезона во турскиот шампионат, а придонес во триумфот имаше и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Нашиот плејмејкер го постигна првиот гол во сезоната, погодувајќи од пенал во 33. минута, во тие моменти за 3-0 на гостувањето кај Ејуп. Иако станува збор за гол од пенал, капитенот на националниот тим на исклучително атрактивен начин ја затресе мрежата на домашниот тим, со шут под пречката. Конечниот резултат беше 4-1 за тимот на Барди кој со ова најави борба за висок пласман.

Првите два погодока беа дело на Најир, а конечниот резултат го постави Демирбаг на десетина минути пред крајот на мечот.