Вардар Неготино донесе уште две засилувања за новата сезона во Втората лига

Повратникот во второлигашкото друштво Вардар Неготино донесе уште две нови имиња, вкупно шест засега во овој летен преоден рок, како засилувања за новата сезона.

Нови членови на неготинци од денеска се голманот Стефан Тасев, младински репрезентативец кој доаѓа од Македонија ЃП и беше во сенка на недопирливиот Христијан Стевковски. Нов член од денеска е и Аделин Казимов, кој во Неготино доаѓа од радовишки Детонит и е трет фудбалер од овој клуб што летово се сели во Вардар.

Пред него, Дарко Алексовски – Пеле и Мартин Димовски – Робен дојдоа од Детонит во Неготино, а Вардар се засили и со млад голман од скопскиот имењак Илија Апостоловски, како и со напаѓачот на Охрид, Кристијан Костовски.