Вардар го продолжи договорот со „Новоматик“ вреден - милион евра!
На денешната прес-конференција Вардар ја потврди новата соработка со спонзорот „Новоматик Македонија“.
„Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите да упатам благодарнот што Новоматик Македонија беа со нас кога ја почнавме најтешката битка за враќање на довербата на навивачите, на спортската, но и пошироката јавност. Довербата на Новоматик Македонија во нашиот проект придонесе да ја освоиме 12-та титула фудбалски шампион во македонското национално првенство“, кажа капитенот на Вардар, Горан Закариќ.
Вардар минатата сезона успеа да го освои шампионскиот пехар во Првата лига и да обезбеди квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).'
