Перез почнува војна: Реал Мадрид бара да ѝ се одземат титули на Барселона!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара од Европската фудбалска федерација (УЕФА) да ѝ се одземе трофејот на Барселона поради случајот „Негреира“, со исплаќање на повеќе од осум милиони евра на Енрике Негреира, поранешен потпретседател на техничката судиска комисија во Шпанија.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез најави тужба против Барселона пред УЕФА, иако каталонскиот тим призна дека исплаќало суми за анализи и извештаи за судиите, како и подготвителни материјали за стручниот штаб.

Перез смета дека Барселона извршила измама и поради тоа подготвил 500 страници за тужба пред УЕФА и ќе бара сериозни казни за најголемиот ривал.

„Реал бара од УЕФА да ѝ ги одземе титулите на Барселона поради случајот Негреира. Исто така, постои барање да се исфрли екипата од европските натпреварувања. Досието со нерегуларности кое го подготвува Перез е веќе на пат“, објави новинарот Хозе Феликс Дијаз.

Да потсетиме, Барселона ги исплаќала парите во период од 2001 до 2018 година преку приватни компании.