Вардар долговите ќе ги враќа на рати - сметката ќе биде одблокирана!

Oд редовите на Вардар информираа дека клубот го започнал процесот на одблокирување на сметката и според најавите во наредниот период тој дел би требало да биде среден.

Вардар постигнал договор со УЈП за врќање на долгот на 36 рати, додека кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор сметките ќе се подмируваат на десет рати.

„АД ФК Вардар - Скопје ја известува заинтересираната јавност дека стартуваше со одблокирање на сметката на клубот која беше блокирана од сите претходни раководства во последните 8 години. Денеска стартуваат два договори. Со приложена 120% гаранција исплаќање на долгот кон УЈП на 36 рати и исплаќање на долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на 10 рати“, информираа од Вардар.