Уште еден чекор кон нормализација: Вардар се врати во базата во Хиподром!
Фудбалерите со ова добиваат нормални услови за работа што не беше случај последните две сезони во кои често се селеа и тренираа и играа на терени под секое достоинство.
„ФК Вардар официјално се враќа во својата база во Хиподром. По неопходната реконструкција на самиот објект, нашите фудбалери предводени од стручниот штаб, повторно ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг.
Борбата за Вардар продолжува!
Во недела играме дома, против екипата на Шкендија. Знаеме колку овој натпревар е важен, но веруваме и дека секој Вардарец го знае тоа. Затоа во недела, ве повикуваме сите. Заедно сме во оваа борба - до крај!“, објави денеска клубот.
По осум кола, Вардар се наоѓа на последната позиција на табелата во Првата лига со пет бода.