Урнебес: Ја видовте ли ВИП-ложата во Гостивар? (ФОТО)

Додека низ светот фудбалските ложи се најелитното нешто што може еден љубител на фудбалот да го доживее, со најразлична храна и пијалоци, во Македонија скоро и да не постои такво нешто, а ако воопшто има – таа е урнебес.

Како денеска во Гостивар на мечот на амбициозниот второлигаш против Детонит Плачковица (1-1), каде ложата понуди семки, леблебија, банани, по некое сокче и благо - на масички за пикник.

Само како слика за колку македонскиот фудбал е далеку од нешто што се нарекува елитен, иако во Гостивар макар има и вакво нешто. На другите стадиони, нема ни вода каде човек да се напие.