УЕФА утре ќе препорача да им се дадат титулите на Вардар, Ливерпул, Барса, Јуве...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) закажа неколку состаноци за утре, по што ќе се знае за судбината на фудбалот во Европа за оваа сезона. Како што е најавено, овој состанок ќе се одржи преку видео-конференција поради коронавирусот кој владее во светот, а претставниците ќе имаат можност ги дадат конкретните чекори за понатаможниот дел од сезоната, која моменто е во мирување.

Главната цел на УЕФА е да одлучи дали ќе се игра Европското првенство ова лето, а како што пишува мадридски „АС“, УЕФА сака терминот на одигрување на континенталното натпреварување да остане ист, односно да започне на 12 јуни, а да заврши на 12 јули годинава.

Но, клубовите се спротивставуваат на ова и сакаат ЕП да се одложи за да ги завршат сезоните. Според „АС“, од УЕФА бараат лигите уште од сега да ги завршат сезоните, така што лидерите на табелата ќе ја освојат титулата.

Тоа значи дека Вардар уште од сега би можел да слави титула, а во иста ситуација се наоѓаат и Баерн, Ливерпул, Јувентус, Барселона...

Сепак, многу повеќе информации за сето ова ќе бидат познати по утрешната видео-конференција.