Тимовски го напушти Силекс и потпиша за Шкендија

Ангелче Тимовски по цели осум години во дресот на Силекс летово се пресели во Тетово во таборот на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија. 

Десниот бек го предводеше кратовскиот состав изминатата сезона до трофејот во Купот на Македонија, но го загуби прволигашкиот статус по баражот со Тиквеш. Поранешниот младински репрезентативец потпиша двегодишен договор со тетовци до јуни 2023 година.

„Овој трансфер за мене е важен чекор напред во кариерата. Понудата од најдобриот тим во лигата ме привлече и морам да бидам искрен дека трансферот во Шкендија беше по привлечен отколку трансфер во странство. Шкендија е актуелен шампион и сакам со моето присуство да го зголемам квалитетот на тимот. Одлично сум примен во тимот“, рече Тимовски за клупскиот сајт на тетовци.