Свињарник е благ збор: Вардар и Беса се препелкаа во кал до гуша (ФОТО)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар гостување денеска во Боговиње, каде Беса избра да го пречека најголемиот клуб во земјава во второлигашката конкуренција и теренот беше – свињарник.

Веќе не е ништо ново, кога ќе заврне дожд, половина од стадионите, макар биле и во второлигашката конкуренција да бидат во мизерна состојба каде фудбал не може да се игра, па повеќе фудбалот личи на „борење во кал“.

И како по обичај во ФФМ си свиркаат и уво не ги боли, а повеќе од половина од младинските репрезентативци играат баш во овие втори лиги, каде нема ни елементарни услови да се игра подпросечен фудбалски меч, а не па нешто повеќе. Не е ни чудо зашто потоа кога ќе дојдат квалификациите во младинските категории, резултатите се – сѐ помизерни.