Струга ТЛ го растури Петрокуб и ги заврши подготовките во Анталија

Есенскиот првак во македонската Прва лига, Струга Трим Лум го растури молдавски Петрокуб со 3-0 во контролниот меч денеска во Aнталија (Турција).

Стружани со оваа победа која ја обезбедија со еврогол на Валентин Кочоски, Хоган Укпа и Абдулхади Јахја ја завршуваат главната фаза од подготовките на турскиот југ, а овој триумф им е единствен во петте меча кои ги одиграа откако претходно ремизираа со Хелсингор (2-2) и Кривбас (1-1), а загубија идентично со 1-2 од Локомотив Ташкент и дански Велје.

Пред заминување за Анталија, Струга го победи Охрид со 2-1 на првиот тест, а генералката ќе ја има идниот викенд против амбициозниот второлигаш Воска Спорт.