Стојановски успешно опериран по повредата на ахиловата тетива

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Стојановски заработи повреда на ахиловата тетива во дербито меѓу Работнички и Вардар, по што мораше да оди на операција.

Работнички соопшти дека Стојановски успешно бил опериран и наскоро ќе почне со рехабилитација, но го чека повеќемесечна пауза.

Стојановски оваа сезона настапи на 18 меча, при што постигна два гола и две асистенции во Првата лига.