Спектаклот на Комити - шести најпосетен во бивша Југославија

Македонското „ел класико“ помеѓу вечните ривали Вардар и Пелистер, кое се одигра завршавечер на Националната Арена „Филип Втори“ е шести најгледан меч викендов на просторот на поранешна Југославија.

Дуелот на скопските црвено-црни и битолските зелено-бели, кој беше во знак на прославата и шоуто на најверните вардарови навивачи Комитите, собра 4.000 гледачи на најголемиот стадион во Македонија, но интересно дуелот на Вардар овој викенд е погледан од пресметките на двата најголеми хрватски клубови, Динамо Загреб и Хајдук, како и од тој на поранешниот шампион на БиХ, Сарајево.

Овој викенд, покрај Комити, јубилеј од 30 години славеа и навивачите на Борац од Бања Лука, познатите „Лешинари“, како и подгоричките „Варвари“, навивачите на Будуќност. Па во Бања Лука имаше 7.000 гледачи, а во Подгорца за петстотини повеќе од Скопје.

Како и најчесто во изминативе години, најмногу гледачи и навивачи има на белградска „Маракана“, на мечевите на Црвена Звезда. Против Рад завчера имаше 10.000 гледачи.

НАЈПОСЕТЕНИ МЕЧЕВИ ВИКЕНДОВ ВО РЕГИОНОТ

1. Ц. Звезда – Рад 10.000 гледачи

2. Марибор – Олимпија 9.000 гледачи

3. Борац Бања Лука – Железничар 7.000 гледачи

4. Риека – Интер Запрешиќ 4.892 гледачи

5. Будуќност – Дечиќ 4.500 гледачи

6. ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 4.000 гледачи

7. Истра – Хајдук 3.119 гледачи

8. Сарајево – Младост 2.900 гледачи

9. Осиек – Цибалија 2.227 гледачи

10 Динамо Загреб – Локомотива 2.106 гледачи