
Сопственикот на Гостивар донираше милион денари за семејствата погодени од трагедијата во Кочани
Мечот почна со минута молчење, а сите приходи од влезниците и донации од гледачите ќе бидат донирани на семејствата кои се погодени од големата трагедија во Кочани.
Пред овој меч сопственикот на Гостивар, донираше милион денари за помош на семејствата.
Емотивен момент имаше во 59. минута кога судијата за момент го прекина натпреварот во чест на 59 жртви кои загинаа во дискотеката „Пулс“.