Со години го чекаа моментот: Вардар и Комити слават титула, ве канат на спектакл на Арената!
Славјето почна уште минатиот петок кога беше остварена најважната победа, против Струга на гостински терен, продолжи синоќа со навивачки караван низ Скопје, а ќе кулминира денеска на Градски, против Шкендија. Дербито се игра од 18 часот, Вардар треба да го добие шампионскиот пехар и организирана е голема забава и на стадионот и потоа на Школка во Градскиот парк.
Најтрофејниот клуб и навивачката група Комити ги поканија сите симпатизери да присуствуваат на големото славје со кој ќе биде означен големиот успех и враќањето на Вардар на врвот на македонскиот фудбал.