Ибрахимовиќ менува спорт – влегува во ринг со Тајсон Фјури?! (ФОТО)
Швеѓанецот на социјалните мрежи објави заеднички фотографии со британскиот боксер, а кратката порака беше доволна за светот да почне да зборува за евентуален егзибициски меч.
„BREAKING NEWS! Се случува на 1 август, Даблин, Ирска“, напиша Ибрахимовиќ.
Фановите веднаш почнаа да шпекулираат дека би можело да станува збор за шоу-борба меѓу двајца од најголемите спортски шоумени на денешницата. Златан никогаш не криел дека е голем љубител на боречките спортови, а познато е и дека со години тренира боречки вештини. Дополнителен интерес на целата приказна ѝ даваат информациите од британските медиуми дека Фјури е блиску до договор за голем меч против Ентони Џошуа во текот на 2026 година. Поради тоа, многумина веруваат дека евентуалниот настап со Ибрахимовиќ би можел да биде вовед во враќањето на британскиот шампион.
Иако моментно има советничка улога во Милан, Златан уште еднаш покажа дека не може без внимание и спектакл. Но, дали навистина ќе има пресметка во Даблин или станува збор само за маркетиншки потег, засега останува непознато.