Мбапе се вклучи во одбраната на Хакими во случајот за силување

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе потпиша писмена изјава во која застана во одбрана на поранешниот соиграч од ПСЖ, Ашраф Хакими кој се соочува со обвиненија за наводно силување и сексуален напад.

Мбапе во документот доставен до истражните органи нагласил дека неговата претходна изјава од 2023 година не го инкриминира Хакими на ниту еден начин, а воедно појаснил дека фудбалерот никогаш не му кажал дека ја допирал оштетената.

Документот е доставен до надлежните органи и ќе служи како одбрана за мароканскиот фудбалер за случајот кој сè уште е во истражна фаза.

Фото: Real Madrid C.F./Facebook