Барди промаши пенал - Трабзон го освои Купот на Турција! (ВИДЕО)
Беше 1-1 кога во 58. минута Барди имаше шанса да му донесе водство на својот тим, но македонскиот фудбалер ја погоди стативата од голот на Онана.
На десет минути пред крајот беше досуден и пенал за Трабзон кој го реализираше Онаучи, а тој гол значеше и победа за овој тим.
Онаучи го постигна и првиот гол за Трабзон, а на почетокот од вториот дел Мулека израмни на 1-1.