Дел од ѕвездите на Реал кои требаше да бидат продадени му кажале на Перез - не си одиме!
Информациите од Шпанија велат, дека Феде Валверде, Едуардо Камавинга и Раул Асенсио го информирале клубот дека нема да заминат ова лето.
Валверде се споменуваше како играч кој може да си оди по тепачката со Чуамени откако сите играчи го вперија прстот во него како виновник за инцидентот.
Камавинга се споменуваше како вишок во тимот, а Асенсио немаше најдобра сезона, имаше и проблеми со Арбелоа, па и тој беше на листата за заминување.
Играчи кои имаат договори, а прифатиле да си одат се Фран Гарсија, Дани Себаљос, Гонзало Гарсија и Франко Мастантуоно кој би отишол на позајмица.
Официјално клубот го напушта Давид Алаба, но тој заминува како слободен играч бидејќи неговиот договор истече.