Модриќ проговори за својата иднина - сега сѐ е појасно!

Хрватскиот ветеран, Лука Модриќ, го кажа својот став за идната сезона и реши една дилема.

Не беше јасно дали Модриќ ќе стави крај на кариерата по завршувањето на Светското првенство или ќе продолжи да игра уште една сезона.

Дилемите беа дали ќе го продолжи договорот со Милан или ќе објави крај на кариерата.

„Се чувствувам добро во Милан. Сакам да сум дел од овој клуб и со ова раководство, овој тренер и овој тим“, изјави Модриќ и искажа отвореност за продолжување на договорот.

Ова значи дека Хрватот е отворен за потпис на нов договор за кој притиска Милан. Се очекува тоа да биде објавено по завршувањето на последното коло.