Салах може да се врати во Серија А - има две атрактивни опции!

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, заминува од Енфилд и наредната сезона ќе има нов клуб, а тоа може да биде некој од Серија А.

Салах има опција да се пресели во Саудиска Арабија за многу пари или да продолжи да игра европски фудбал на високо ниво.

Наводно, Милан и Рома се заинтересирани за потписот на Салах и ја следат ситуацијата.

Тоа би било враќање на Салах во Серија А, тој претходно во Италија го носеше дресот на Фиорентина и Рома.