Реал ја доби шпанската пресметка, ќе игра финале во Евролигата!
Убавата приказна на симпатичниот тим на Валенсија кој оваа сезона освои многу неутрални фанови, заврши вечерва. Реал Мадрид се покажа како непремостлива пречка.
Валенсија добро го почна натпреварот, ја доби првата четвртина со 28-26, но потоа се променија работите, кралскиот клуб го крена нивото и на одморот замина со предност од 62-56.
Кошаркарите на Валенсија се обидоа да се вратат, но делуваа немоќно, Реал Мадрид ја зголемуваше предноста и имаше мирен финиш на натпреварот кој без никаква неизвесност заврши во нивна полза со 15 поени разлика, конечниот резултат беше 105-90.
Најдобар на теренот беше Хезоња кој постигна 25 поени, имаше и седум скокови, во составот на Валенсија по 15 поени дадоа Монтеро и Прадиља.
Реал Мадрид во финалето ќе игра против Олимпијакос кој претходно со 79-61 го совлада актуелниот шампион Фенербахче.