Лудо сценарио пред Тер Штеген: Може да биде прв играч што бил и испаднал од лига во иста сезона
Дури пет екипи имаат шанса да завршат на седмата позиција, додека третата екипа што ќе испадне во понизок ранг ќе се знае по директниот дуел меѓу Жирона и Елче. Токму во Каталонија може да се случи еден од најголемите преседани во историјата на фудбалот.
Во главна улога е Марк Андре Тер Штеген кој е повреден и вечерва нема да брани, но може да стане првиот фудбалер кој во иста сезона бил шампион и испаднал од Ла Лига. Во првиот дел од сезоната, Германецот беше член на Барселона која ја освои шампионската титула и поради тоа што се наоѓаше на списокот на играчи на доволен број натпревари, има право на медал, а забележа само еден настап и тоа во Копа дел Реј. Потоа беше позајмен на Жирона на која вечерва ѝ е потребна победа за да се спаси, но ако не го направи тоа, испаѓа во Сегунда.
Сето ова на Тер Штеген му се случува со само 180 минути поминати на голот оваа сезона, сите во дресот на Жирона.