Во драматичен меч Пелистер го победи ТФТ и го освои третото место!

Пелистер го освои третото место во македонската кошаркарска Суперлига откако со 90-86 победи на гостувањето кај ТФТ во мајсторката за бронзата.

Трет меч меѓу овие две екипи и трета победа на гостите. Домашниот терен не се покажа како предност, па Пелистер е оној кој се радува на третата позиција.

Денешниот меч беше крајно неизвесен, битолските кошаркари беа подобри во моментите кога се решаваше победникот и го добија мечот.

Првото полувреме беше ептен изедначено, на одморот се замина во резултат 44-44. Во вториот дел имаше неколку пресврти, екипите се менуваа во водство. Беше 79-79 кога Пелистер направи серија од 11-7 до крајот на натпреварот и дојде до победата од 90-86.

Крстевски со 23 поени беше најдобар кај Пелистер, Ташковски од ТФТ беше најефикасен на теренот, реализираше 29 поени.