Скандал во Тетово: Билали удри ривал в лице, па го шутна со нога (ВИДЕО)

Шкендија не го искористи киксот на Струга Трим Лум и одигра 1-1 против Академија Пандев, но во последните минути од натпреварот се случи вистински скандал во Тетово, кога Сабит Билали ги загуби нервите и нападна противнички ривал.

Билали најпрво направи прекршок, по што влезе во дуел со уште еден ривал, кој доби удар во лицето, а потоа фудбалерот на Шкендија го шутна со нога додека тој беше на тревникот за што судијата му покажа црвен картон.

Видео: Инфомакс