Фиго го крена гласот: Инфантино мора да замине од ФИФА

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино е под голем притисок поради одлуките кои ги донесе по Мундијалот, а против него се сврте и легендарниот Фиго.

Поранешниот португалски фудбалер го крена гласот против Инфантино и посочи дека мора да си замине од чело на ФИФА.

„Би можел да напишам 10.000 зборови за проблемите во ФИФА, но решението е едноставно: Инфантино мора да замине“, пишува Фиго.