Навивачите на Лацио во војна со Лотито - му задаваат тежок финансиски удар на клубот
Според информациите на „Фудбал Италија“, повеќе од 90 проценти од сопствениците на сезонски билети од минатата сезона одбиле да ги обноват своите претплати, испраќајќи јасна порака до клупското раководство.
Ваквиот потег на навивачите може да го чини Лацио околу 20 милиони евра загубени приходи, што би претставувало сериозен удар за буџетот на клубот пред почетокот на новата сезона. Поради слабиот интерес за сезонски билети, се очекува и значително помала посетеност на домашните натпревари на „небесносините“, што дополнително ќе го зголеми притисокот врз претседателот Лотито.
Бојкотот трае веќе подолг период, а навивачите бараат промени во начинот на управување со клубот, незадоволни од резултатите и клупската политика во изминатите години.