Зејнулаи: Во Шкотска е само првото полувреме, одлуката паѓа во Скопје!

Македонскиот вицешампион, Шкендија од денеска е во Шкотска каде утре го игра првиот меч против Хибернијан од третото квалификациско коло за Конференциската лига.

Фудбалерите на Шкендија со чартер пристигнаа во Шкотска, а Арбин Зејнулаи е благодарен поради тоа.

„Пристигнавме во Шкотска, позитивно е дека патувавме со чартер. Добро е што еден клуб што е како Шкендија, ни овозможи да патуваме до дестинацијата со чартер. Во очекување сме на првиот тренинг, видовме дека временските услови не се како во Македонија, но спремни сме. Шкендија секогаш оди на позитивен резултат, ни следи првата средба со Хибернијан. Мора да сме претпазливи, но секогаш играме на позитивен резултат. Момците се спремни, сите сме спремни и дај Боже на крај да дојдеме до целта која сите ја сакаме. Сметам дека првиот меч нема да реши ништо, туку реваншот во Скопје. Но ние концентрирани сме само на првиот дуел во Шкотска, да ги оствариме нашите замисли“, изјави Зејнулаи.

Хибернијан и Шкендија првиот меч го играат утре (четврток) од 21 часот.