Капитенот ги пречка одбојкарите со крушевски локум - да биде со убаво, со благо! (ФОТО)

Македонските одбојкари денеска ги почнаа подготовките за престојното Европско првенство, тие се сместени во Крушево, во хотелот „Монтана“, а капитенот Никола Ѓорѓиев направи посебен гест за пречек на соиграчите.

Пред одбојкарите е нов предизвик, ново Европско првенство, од денеска почна мисијата.

„Да тргнат подготовките со убаво, со благо... со крушевски локум“, рече капитенот Ѓорѓиев им подели локум на соиграчите.

Европското првенство се игра од 9 до 26 септември. Македонија своите натпревари ги игра во Софија, ние сме во групата Б заедно со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел.